[ВИДЕО] Смртно болниот поранешен голман на Динамо заплака пред камерите: Ова е моето последно интервју

Супермен

13/09/2024

20:48

12.180

Големина на фонт

а а а

Поранешниот голман на Динамо Загреб, Георг Кох (52) во интервју за германскиот „Sport1“ откри дека ова му е последно појавување пред медиумите бидејќи е смртно болен.

Кох во мај минатата година ја напушти тренерската позиција во третолигашот Викторија Келн од, како што наведе, лични причини, а во мај годинава откри дека е тешко болен.

Станува збор за рак на панкреас, поради кој лекарите му дале само неколку месеци живот. Сега во интервју за „Sport1“ изјави дека тоа му е последно појавување пред камерите во животот и се расплака.


@sport1news Lieber Georg, wir wünschen dir ganz viel Kraft für deinen Weg! Kämpfe immer weiter, so wie es @dietotenhosen_official ♬ Originalton - SPORT1

„Не се работи само за мене, има многу луѓе кои живеат со рак и други болести. Не сакам да се ставам себеси во преден план и не си го поставувам прашањето „зошто јас“. Можете да го направите ова интервју со кој било друг што е болен и тие се прашуваат истото. Јас сум тука да го дадам последното интервју во мојот живот, а причината е што некогаш бев популарен голман“, рекол Кох, по што заплакал.

„Сега морам да внимавам да ги држам емоциите под контрола. Одеднаш сте оттргнати од вашиот живот. Со само три реченици. Знаев дека морам да се борам, секогаш беше така во мојот живот. Морав да се борам и за позиција на голот. Секако, на почетокот не им го кажав тоа на сите, но едно ми беше јасно: немаше откажување за мене“, додал 52-годишниот Германец.

Тој открил колку му е тешко да живее со болеста, но дека има денови кога има сила да „урне дрвја“.


„Има денови кога се чувствувам депресивно, но постојат и денови кога би можел да урнам дрвја. Не можете да го објасните тоа, никогаш не знам што утре ќе донесе. Понекогаш легнувам навечер добро расположен, а следното утро не можам да станам“, додал тој.

Кох во својата кариера бранеше за Рапид, Енерџи Котбус, Кајзерслаутерн и Фортуна Дизелдорф за кој одигра 118 натпревари, а во Динамо дојде летото 2007 година како слободен играч.

На Максимир беше само една сезона, но Германецот многу брзо им влезе под кожа на навивачите на Динамо поради нетипичниот стил на одбрана и ги освои со своите необични изјави.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk