[ВИДЕО] Рита Ора со солзи во очите се обиде да ја отпее песната која ја сними со Лиам Пејн

Точка

18/10/2024

13:47

845

Големина на фонт

а а а

Рита Ора имаше концерт во Јапонија, а во текот на изведбата на песната која ја сними со Лиам Пејн, почна да плаче и не можеше да ја отпее песната.

Пејачката настапи по веста дека Пејн починал, а заедно со него сними дует за филмот „Fifty Shades Freed“.


„Не можам ова да го пеам сега“, кажа Ора во текот на изведбата на песната „For You“ додека во заднина беше прикажана фотографија од неа и Лиам.

Пред тоа пејачката се прости од Пејн на социјалните мрежи.

„Уништена сум. Имаше најљубезна душа, никогаш нема да го заборавам. Толку многу сакав да работам со него – вистинско задоволство да се биде на сцената и надвор од неа со него. Оваа трагична вест ми го крши срцето. Им ја испраќам сета моја љубов и молитви на неговото семејство и најблиските. Нашата песна „For You“ сега добива сосема ново значење за мене. Почивај во мир“, напиша Ора.


Инаку Пејн почина во Буенос Аирес, откако падна од балконот на третиот кат од хотелот. Според прелиминарниот извештај од обдукцијата на локалното јавно обвинителство, Пејн починал од „повеќекратна траума“ и „внатрешно и надворешно крвавење“ како последица на падот.

Обвинителството соопшти дека инцидентот се истражува како „сомнителна смрт“, иако изгледа дека музичарот бил сам во моментот на паѓањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг