[ФОТО] Колегите од „One direction“ се збогуваа со Лиам Пејн со трогателни зборови: Милиони плачат додека читаат, фановите не можат се помират со трагедијата

Точка

18/10/2024

14:08

522

Големина на фонт

а а а

Поранешните членови на групата „One direction“ синоќа објавија заедничко соопштение повод смртта на Лиам Пејн, кој беше во бендот од 2010 до 2016 година, кога музичкиот состав се распадна.

„Целосно сме уништени од веста за смртта на Лијам. Со време и кога секој ќе може, ќе има уште многу што да каже. Но, засега, ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја процесираме загубата на нашиот брат, кого многу го сакавме. Спомените што ги споделивме со него ќе бидат чувани засекогаш. Засега нашите мисли се со неговото семејство, неговите пријатели и фановите кои го сакаа покрај нас.

Ужасно ќе ни недостасува.

Те сакаме Лиам“, пишува во изјавата на некогаш планетарно популарниот состав.


Потоа следеа поединечни пораки, прв беше Луис Томлинсон, потоа Зејн Малик, а потоа Хари Стајлс. Се огласи и Ниал Хоран, чиј неодамнешен настап во Буенос Аирес го вклучуваше и Пејн.

Зејн Малик со срцепарателна објава и фотографија се прости од Лиам. Зејн сподели нивна стара фотографија на која спијат.

„Лиам, се фатив себеси како зборувам гласно со тебе, надевајќи се дека ќе можеш да ме слушнеш. Не можам, а да не мислам дека имаше уште толку разговори што требаше да ги водиме во нашите животи. Никогаш не успеав да ти се заблагодарам што ме поддржуваш низ некои од најтешките моменти во мојот живот. Кога ми недостасуваше домот како 17-годишно дете, ти секогаш беше тука со позитивен поглед и охрабрувачка насмевка и ми даваше до знаење дека си мој пријател и тоа многу го сакав“, напиша Зејн.


„Иако беше помлад од мене, секогаш беше поразумен од мене, беше одлучен, полн со мислења и не ти беше грижа што ќе им кажеш на луѓето кога не се во право. Иако поради тоа неколкупати имавме несогласувања, јас секогаш тајно те почитував поради тоа“, продолжил Зејн.

„Кога станува збор за музиката, Лиам, ти беше најквалификуван во секој поглед. Во споредба со тебе, не знаев ништо, јас бев почетник, а ти веќе беше професионалец. Секогаш знаев дека што и да се случи на сцената, можеме да се потпреме на тебе. Кога си замина, изгубив брат.

Не можам да ти опишам што би дал за да можам уште еднаш да те прегрнам и да се збогувам со тебе, да ти кажам дека многу те сакав и почитував. Секогаш ќе ги чувам нашите спомени. Не постојат зборови кои би објасниле како се чувствувам во моментов, освен уништено. Каде и да си сега, се надевам дека си добро и да знаеш колку си сакан. Те сакам, брат“, заклучил Зејн.

И Хари Стајлс се прости од својот поранешен колега од групата „Уан дајрекшн“, пејачот Лиам Пејн. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од покојниот пејач и напиша дека е уништен од неговата смрт.


„Навистина сум уништен од смртта на Лиам. Неговата најголема среќа беше да ги радува другите, а чест беше да се биде покрај него додека го правеше тоа. Го живееше животот со отворено срце и имаше таква енергија што беше заразна. Тој беше топол, поддржувачки и неверојатно полн со љубов. Годините што ги поминавме заедно засекогаш ќе бидат најубавите години во мојот живот. Ќе ми недостигаш засекогаш, драг пријателе“, напиша Стајлс.

Хари додал дека неговото срце се кине за членовите на семејството на Лиам, но и за сите низ светот кои го познавале и го сакале.

За трагичната смрт на Лиам Пејн проговорија и други поранешни членови на „One Direction“.


Веста за смртта на Пејн ги шокираше славните личности и обожавателите на групата низ светот. Странските медиуми објавија дека пејачот паднал од балкон на третиот кат во хотел во Буенос Аирес и од повредите починал. Веќе во средата навечер ужалените обожаватели почнаа да се собираат пред хотелот за да му оддадат почит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг