[ФОТО/ВИДЕО] „This Is The Zodiac Speaking“: Серијата за серискиот убиец кој никогаш не бил фатен, стана хит на Нетфликс

Точка

04/11/2024

19:39

2.566

Големина на фонт

а а а

Неодамна на Нетфликс, беше објавен документарецот „This Is The Zodiac Speaking“ и за кратко време стана хит. Моментално ова е втората најгледана серија на глобалната топ 10 листа на Нетфликс. „This Is The Zodiac Speaking“ е документарна серија од три дела која ја следи приказната за едниот од најозлогласените сериски убијци кој никогаш не бил фатен.

Станува збор за убиец со псевдонимот „Зодијак“ кој кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите убил најмалку пет лица на подрачјето на заливот на Сан Франциско.

Овој случај се смета за најпознатиот нерешен случај на убиство во американската историја. Неколку луѓе се поврзува со „Зодијакот“, а особено Артур Ли Ален, поранешниот учител во основно училиште. Всушност полицијата него го сметала како единствен вистински, осомничен, но никогаш не нашле доволно докази против него.

Во фокусот на документарецот е семејството „Seawater“

Во фокусот на новата документарна серија е семејството „Seawater“. Тие тврдат дека Ален се грижел за нив во младоста и ги носел на патувања. „Сфативме дека ние имавме отидено на сите места на убиствата пред тие да се случат“, вели „David Seawater“ во најавата на серијата. Тој и неговата сестра почнале да се сомневаат додека го гледале филмот „Зодијак“ од 2007 година.

„Толку многу работи во тој филм нѝ беа застрашувачки познати“, велат тие.


„Connie Seawater“ се потсети на еден излет од 1963 година, кога Ален ги оставил во автомобилот неа и нејзините браќа околу еден час, а потоа одеднаш се појавил со нешто што изгледало како крв на неговите раце. Следниот ден, тинејџерите Роберт Домингос (18) и Линда Едвардс (17) биле пронајдени мртви на истата плажа, а нивните убиства никогаш не биле разрешени.

Кони, исто така, се потсети дека во октомври 1996 година, Ален ги однел неа и нејзиниот брат на тркачката патека во Риверсајд. Додека нејзиниот брат спиел во хотелот, Ален ја однел Кони во обиколка на кампусот на Риверсајд сити колеџот, каде во еден момент ја ставил раката во нејзините панталони и сексуално ја малтретирал. Кога се вратиле во хотелот, нејзиниот брат сè уште спиел, а таа се сеќава дека испила газиран пијалак пред да заспие. Ален подоцна призна дека ги дрогирал додека биле во Риверсајд.


Браќата и сестрите „Seawater“ велат дека нивната мајка никогаш не верувала дека Ален би можел да биде „Зодијакот“ или насилник на деца. Но, кога таа почина во 2017 година, тие пронајдоа кутија со писма кои меѓусебно си ги испраќале со Ален, во кои тој го спомнува „Зодијакот“. „Помислата дека некој којшто некогаш го сакав и во кој имав доверба е способен за такво нешто, ме згрози“, рече Дејвид.

Поминал три години в затвор

Во 1960-тите, пет лица беа убиени и потврдени како жртви на убиецот – „Зодијак“, кој испраќаше шифрирани пораки до новинарите, заканувајќи се дека ќе убие уште повеќе луѓе доколку неговите пораки не бидат објавени на насловните страници на весниците во Сан Франциско. Еден поранешен ученик, во документарецот, раскажува како Ален на училиште ги учел децата како да ги дешифрираат пораките кои, како што вели тој, биле морничаво слични на оние кои „Зодијакот“ подоцна ги користел во своите писма.


Пред да почине Ален во 1992 година, полицијата темелно го испрашуваше за неговата можна вмешаност во убиствата. Тој помина три години в затвор под обвинение за злоупотреба на деца, пишува „Independent“, а за тоа време, немаше нови убиства поврзани со „Зодијакот“, ниту писма испратени до медиумите или полицијата.