Јапонската групација, поддржана од поранешниот премиер Јошихиде Суга, подготви план за инвестирање во Тесла на Илон Маск како стратешки потег за спас на автомобилскиот производител Нисан, откако пропаднаа преговорите за спојување со Хонда.
Предлогот, кој го предводи поранешниот член на одборот на Тесла, Хиро Мизуно, предвидува Тесла да стане стратешки инвеститор, а можеби и да ги купи фабриките на Нисан во САД, што би ѝ помогнало да го зголеми домашното производство пред можните царини од администрацијата на Доналд Трамп.
Nissan претходно се повлече од предложеното спојување со Хонда вредно 58 милијарди долари, што ги поттикна стравувањата дека би можел да стане мета на странски преземања, вклучувајќи го и интересот на Foxconn – тајванската компанија позната по склопување на iPhone.
Во последните недели, Nissan започна потрага по стратешки партнер во технолошката индустрија, а во игра се и Tesla и Apple. Во ноември, компанијата започна итен план за реструктурирање, кој вклучуваше отпуштање на 9.000 вработени поради финансиски загуби.
Акциите на Nissan пораснаа за 11% во Токио по веста за можната соработка со Tesla.