Стефан Ѓоковиќ, синот на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска привлече внимание на трибините во текот на полуфиналниот натпревар на Мастерсот во Монте Карло, гледајќи го неговиот омилен тенисер.
Иако неговиот татко многумина го сметаат за најдобриот тенисер на сите времиња, Стефан Ѓоковиќ има друг херој во белиот спорт.
Имено, Стефан веќе три години е обожавател на Карлос Алкарас. Пред него омилен тенисер му бил Рафаел Надал, но од 2022 година го „заборавил“.
„Мојот син знае за Надал, но и за Алкараз. Нова вест е дека веќе извесно време број еден не му е Надал, туку Алкараз. Сега навива за него. И двајцата многу му се допаѓаат, но кога игра ги имитира потезите на Алкараз. Мене тоа ми е многу интересно“, изјавил Ѓоковиќ уште во 2022 година.
Очигледно дека досега ништо не се сменило, а Стефан денеска бил снимен на трибините за време на полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Таму бил во друштво на својата мајка Јелена Ѓоковиќ, а Новак не присуствувал. Секако, присуствувањето на натпреварот не им претставувало голем проблем бидејќи семејството долго време живее во Монте Карло.
Потсетуваме Јелена и Новак, имаат две деца. Стефан е постариот, роден во 2014 година, додека ќерката Тара е родена во 2017 година. Иако е рано да се предвидува нешто, се чини дека Стефан е веќе многу талентиран тенисер.
Инаку, Алкарас без проблеми го доби дербито против сонародникот Алехандро Давидович Фокина со резултат 2:0 (7:6 и 6:4) и со тоа се пласираше во финалето во Монте Карло.
Таму во утрешното финале ќе игра против подобриот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се соочат Лоренцо Музети и Алекс Де Минаур.