Генералниот директор на „Meta“, Марк Закерберг, во неодамнешно интервју за првпат отворено зборуваше за причините за долгогодишното незадоволство од политиката на „Apple“, истакнувајќи дека нивниот конфликт потекнува уште од крајот на 2000 година.
Закерберг се присетил на времето кога други програмерски куќи масовно развивале апликации и игри за „Facebook“, а меѓу нив особено се истакна играта „FarmVille“ која стана голем хит и значаен извор на приходи за компанијата.
Меѓутоа, растот и влијанието на мобилните уреди и строгите правила на апликацијата на „Apple“ – „App Store“, значително ги нарушиле амбициите на „Facebook“.
„Apple“ тогаш му забрани на „Facebook“ да функционира како „платформа во внатрешност на платформа“ на „iOS“ уредите, што доведе до крај на ерата „FarmVille“.
„Тоа беше сериозен удар за нас затоа што игрите тогаш беа 20 отсто од нашето работење и претставуваа огромен потенцијал за развој“, изјавил Закерберг.
Тој исто така признал дека и самата „Meta“ со своите одлуки од раните 2010 години, како што беше укинување на „API“ функцијата и затворање на системот заради подобра заштита на приватноста на корисникот, исто така делумно придонеле во уништување на тој екосистем.
Сепак, Закерберг јасно порачал дека фрустрациите кон „Apple“ траат со години и дека дополнително се влошиле со правилата за приватност и транспарентност, што директно ги загрозило приходите на „Meta“.
Како најнов пресврт во ова ривалство, „Apple“ неодамна го претстави својот систем на вештачка интелигенција „Apple Intelligence“ додека корисниците забележале дека апликациите во сопственост на „Meta“, вклучувајќи ги и „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“, моментално не ја поддржуваат оваа функција.
Иако „Meta“ oфицијално не ја коментирала оваа одлука, многу од аналитичарите веруваат дека станува збор за своевидна тивка одмазда на „Apple“.