Во 1988 година Ворен Бафет ги купил првите акции на Кока-кола: Колкав е сега приходот од вложените 1.000 долари

Точка

02/05/2025

19:29

2.416

Големина на фонт

а а а

Акциите на Кока-Кола имаат репутација на отпорни акции, а среде превирањата на пазарот, тие повторно имаат подобри резултати од акциите на другите компании.

Производите на Кока-Кола се купуваат и за време на економска криза, што ги прави нејзините акции постабилни на нестабилните пазари. Понатаму, нејзината долга историја на исплата на дивиденда ги направи нејзините акции посигурни и повредни, што ги прави омилени кај акционерите.

Ворен Бафет, извршниот директор на инвестицискиот гигант „Беркшир Хатавеј“, е еден од најголемите акционери во „Кока-Кола“. Тој има акции во оваа компанија од 1988 година, што ја прави уште попривлечна за другите долгорочни инвеститори.


Претходно оваа недела, компанијата објави дека нејзините приходи во првиот квартал од оваа година изнесувале 11,22 милијарди долари. Ова, според Лондонската берза (LSEG), ги надминало процените на аналитичарите за приход од 11,14 милијарди долари. Заработката по акција изнесувала 73 центи, додека аналитичарите очекувале 71 цент. Се верува дека новите производи и значителното зголемување на побарувачката во странство придонеле кон ова.

Цената на една акција на Кока-Кола при затворањето на берзата на 28 април изнесувала 71,79 долари, што е за 16,3 проценти повеќе во однос на претходната година. Покрај тоа, овој раст е двојно поголем од растот на берзанскиот индекс S&P 500 во истиот период. S&P 500 е составен од американската рејтинг агенција Standard & Poor’s и се состои од 500 американски акционерски друштва со најголема пазарна капитализација, односно со пазарна вредност од над пет милијарди долари, кои, меѓу другото, имаат висока ликвидност на акциите и 50 отсто од акциите со кои слободно се тргува.


Бизнис порталот „CNBC“ пресмета колку приход би имале на 28 април, по цена од 71,79 долари, ако сте инвестирале 1.000 долари во акциите на Кока-Кола пред една година, пред пет години, пред 10 години или во 1988 година, кога Бафет почнал да инвестира во овие акции. Значи, да инвестиравте пред:

Една година, приходот би изнесувал 1.195 долари, што е зголемување од 19,5 проценти.

Пет години, приходот би изнесувал 1.728 долари, што е зголемување од 72,8 проценти.

Десет години, приходот би изнесувал 2.163 долари, што претставува зголемување од 116,3 проценти.

Во 1988 година, приходот би изнесувал 36.487 долари, што е зголемување од 3.542 проценти.


Иако Кока-Кола е омилена меѓу инвеститорите со децении, ниедна акција не е целосно без ризик. Всушност, повеќето финансиски експерти советуваат да инвестирате во акции на неколку компании, а не само на една компанија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk