Не е илузија: Сè повеќе производители го намалуваат бројот на камери, откажувајќи се од идејата дека „повеќе камери“ значат подобар телефон

Супермен

05/05/2025

12:33

598

Големина на фонт

а а а

Производителите на паметни телефони сè помалку се потпираат на системи со повеќе камери, а просечниот број на камери по уред постојано се намалува.

Според најновиот извештај од истражувањето на "Counterpoint Research", бројот на камери кај паметните телефони навистина опаѓа – спротивно на претходниот тренд кога секој нов модел имаше сè повеќе објективи. Иако купувачите и натаму го гледаат квалитетот на камерата како клучен фактор при избор на телефон, податоците покажуваат дека производителите сè почесто ја редуцираат вкупната бројка на камери на своите уреди.


Во 2024 година, глобалната испорака на камера сензори (CIS) достигнала 4,4 милијарди парчиња, што е раст од 2% во споредба со 2023, благодарение на делумното закрепнување на побарувачката. Сепак, просечниот број камери по телефон опаднал од 3,8 на 3,7, што укажува дека индустријата сè повеќе се откажува од концептот дека „повеќе објективи“ значи и подобро искуство.

Кога станува збор за производителите на сензори, "Sony" и понатаму го предводи пазарот со благ пораст на испораките, пред сè поради подобрено производство и зголемена побарувачка за премиум телефони. На второ место е "GalaxyCore", кој бележи импресивен раст од 34%, главно поради конкурентни цени и зголемен број нарачки од "Android" производители. "OmniVision" е на третото место, со пораст на испораките од 14%.


И покрај овој раст, аналитичарите предвидуваат дека во 2025 година испораките на камери би можеле да опаднат поради економска нестабилност и геополитички тензии. Дополнително, континуираниот тренд на намалување на бројот на камери по уред дополнително ќе ја ограничи вкупната побарувачка за сензори.

Во суштина, индустријата се движи кон фокус на квалитетна главна камера и напредна AI обработка на фотографии, наместо импресивен број објективи на задниот дел од уредот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk