Сигурно повеќе пати сте размислувале колку километри всушност може да преминете со своето возило откако ќе ви светне сијаличката за гориво.
Некои од луѓето тоа го пробале и во пракса, па веднаш повикале пријател да ги вади од неволја. На потежок начин научиле точно колку километри можат да возат „на резерва“.
Јасно е дека тоа е многу релативна бројка, а многу зависи и од класата на возилото, па и од годината на произведување на самото возило.
Некогаш возилата од градска класа имале 50 литри капацитет на резервоарот, па кога сијаличката за резерва ќе светнела тие можеле да преминат уште 100-на километри.
Денес тој капацитет на резервоар е резервиран за SUV моделите и лимузините. Тогаш, како точно да знаете колку вашиот автомобил може да го возите откако ќе светне сијаличката за гориво?
Овој податок е добро да го знаете, особено доколку се наоѓате на автопат меѓу две одморалишта или бензинска пумпа.
Не постои правило кое е строго одредено, но постои референца околу која може да се дискутира. А, таа гласи: 10 отсто.
Произведувачите додаваат 10 отсто од капацитетот на резервоарот за резерва, па иако нормално е да бидете вознемирени кога ќе светне сијаличката за гориво, не треба многу да паничите затоа што сѐ уште постои одредена резерва која е лесно да ја пресметате.
Тоа секако дека зависи и од автомобилот или мотоциклот којшто го возите, како во поглед на капацитетот на резервоарот за гориво, така и во поглед на потрошувачката на гориво.
На пример, автомобил со резервоар од 50 литри, што одговара на компактен или среден сегмент и натаму имал пет литри гориво кога ќе се вклучи сијаличката за резерва.
Доколку реалната потрошувачка на гориво ви е околу шест литри на 100 километри, сѐ уште би имале резерва за околу 80 километри домет додека целосно не се потроши горивото.
На крај, вреди да се истакне дека многу е подобро да не чекате да светне сијаличката за гориво туку пред тоа да дополните гориво за пумпата од автомобилот да не повлече одредени нечистотии од дното на резервоарот кои знаат да се наталожат низ годините.