Арсенал го совлада Њукасл со 1-0 и со тоа го обезбеди второто место на табелата во Премиер лигата, но и билетот за Лигата на шампионите за натпреварувачката 2025/2026.
Клубот од северен Лондон ја завршува оваа кампања без ниту една титула што секако е разочарување, без пласман во финалето на ниту еден Куп, натпреварување што јасно покажува дека некои работи ќе мора да се менуваат, а дека „топчиите“ се подготвени за сериозни промени, летни активности на пазарот потврди менаџерот Микел Артета.
-Ќе биде големо лето за сите. Мислам дека е време да размислиме, да се ресетираме и повторно да ги поставиме стандардите уште повисоко, да видиме како можеме да се подобриме, да бидеме многу критични кон секој од нас и кон работите што можеме да ги направиме подобро и како можеме да му помогнеме на овој фудбалски клуб да оди на друго ниво.
-Она што можам да го ветам е дека ќе дадам се од себе [за да освојам трофеј]. ќе го дадам својот живот и ќе ја извлечам секоја капка од сите за да го добијам најдоброто од нив, -порача Шпанецот.
Останува да се види какви потези ќе биде повлечени, се говори дека е договорен Мартин Зубуменди од Реал Сосиедад, а сигурно ќе пристигне и напаѓач.