Тудор со оценка за изданието на Јувентус: Немаше ниту еден играч…

Дерби

19/05/2025

11:01

428

Големина на фонт

а а а

Јувентус ја оправда фаворитската улога и славеш над Удинезе со 2-0 во последниот домашен меч за оваа сезона во Серија А.

„Бјанконерите“ успеаа во вториот дел двапати да го матираа противникот благодарение на Гонзалес и Влаховиќ и од посакуваното четврто место кое води во Лигата на шампионите ќе го започнат последното коло во кое ривал ќе им биде Венеција.

- Беше убав натпревар и заслужено победивме. Беше подготвено на најдобар начин. Никогаш не е лесно да се игра против Удинезе, па им честитам на момците. Ни фали последниот чекор. Мора да се опоравиме за натпреварот со Венеција и да ги одиграме овие последни 90 минути.

- Бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Не стануваше збор за мотивација, туку за стилот на игра, прекините, превентивните маркирања и обидот да се ослободиме од притисокот што го чувствуваше тимот. Беше сериозен настап; немаше играч што не ми се допадна. Беше навистина одличен натпревар. Удинезе е сериозен и добро воден тим, - порача тренерот Игор Тудор.