Совет од еден од најбогатите луѓе на светот – како најлесно да се збогатите?

Супермен

26/05/2025

22:30

1.969

Големина на фонт

а а а

На конференцијата одржана месецов во Омаха, милијардерот одговарал на прашањето од Џеки Хан за тоа зошто не треба да вложувате во недвижнини.

Пазарот е многу променлива работа, а тоа го покажуваат и економските прилики за кои сведочиме во последниве години.

Сепак, кога станува збор за вложувањето, директорот на инвестицискиот конгломерат „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет (94), точно знае каде треба да вложува.

На конференцијата одржана месецов во Омаха, одговарал на прашањето на Џеки Хан за тоа зошто не вложува во недвижнини.


Зошто Бафет избегнува вложување во недвижнини?

Бафет, којшто важи за еден од најдобрите инвеститори на светот, едноставно го објаснил својот став:

„Кога одите до берза во Њујорк, може да направите работи вредни милијарди долари, целосно анонимно и тоа за пет минути. Кога ќе склопите работа со непријатен поседник на недвижнини, тоа е само почеток. Тогаш се преговара за повеќе работи и тоа е целосно поразлична игра со поразличен тип на личност која ужива во таа игра“, спомнал Бафет.

Берза vs. недвижнини: Брзина, анонимност и раст

Резултатот којшто Бафет го постигнал на берзата во последните 14 години е во прилог на неговата компанија. Голем дел од својот успех, како што вели, го должи на фактот што е роден во Америка каде пазарите на капиталот се развиени и пристапни.


Американците повеќе сакаат недвижнини, но Бафет бира акции

Иако истражувањето на агенцијата „Gallup“ покажало дека поголем дел од Американците најмногу сакаат да вложуваат во недвижнини, Бафет смета дека барем во САД може многу побрзо, полесно и повеќе да се збогатите со вложување во акции, а не во недвижнини, пренесува „CNBC“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk