[ФОТО] Луксузниот бренд на часовници случајно го откри наредниот Џејмс Бонд? Погледнете што носи познатиот актер на раката

Супермен

27/05/2025

12:45

1.200

Големина на фонт

а а а

Додека јавноста и натаму погодува кој актер ќе биде следниот Џејмс Бонд, еден произведувач на часовници можеби случајно го откри следниот агент 007.

Арон Тејлор-Џонсон, потпиша договор со „Omega“, брендот на часовници којшто се појавува во филмската франшиза за веројатно најпознатиот таен агент на сите времиња.

Неделава, Тејлор-Џонсон стана еден од глобалните амбасадори на „Omega“ и го прослави договорот во седиштето на компанијата во Швајцарија. При посетата, Тејлор-Џонсон на раката го носел моделот „Speedmaster Omega First in Space“.


Овој часовник има пречник од 39,70 милиметри, изработен е од полиран не’рѓосувачки челик. Прстенот е од црн алуминиум и содржи скала со симболична ознака „Dot Over Ninety“.

Часовникот потсетува на изгледот на CK 2998 часовниците произведени во 60-тите години. Часовникот го придвижува „Co-Axial Master Chronometar 386“ којшто е најсовремената верзија на калибар 321 кои ги носеле астронаутите во вселената.


Што вели Тејлор-Џонсон?

По потпишувањето на договорот, актерот изјавил: „Отсекогаш сум ги ценел часовниците, а особено Omega. Сега, по посетата на фабриката, восхитен сум од вештината на потреба за произведување на толку луксузни производи“.

Извршниот директор на „Omega“ го опишал Тејлор-Џонсон како „сестран актер чиј опсег покрива акција, трилер, романса и уште многу“.


Брендот „Omega“ секогаш стои на зглобовите од актерите кои го толкувале агентот 007 веќе 30 години наназад, а првпат го носеше Пирс Броснан во филмот „Golden Eye“ од 1995 година, додека пак последен го носеше Даниел Крејг во филмот „No Time to Die“.

Можеби ова е само случајност, но Тејлор-Џонсон предолго беше фаворит на обложувалниците за новиот Џејмс Бонд за туку-така да ја исклучиме можноста дека ќе го гледаме како наредниот агент 007.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk