[ФОТО/ВИДЕО] Се осмели и имресионираше: Во „ризичниот“ фустан успеа да не открие „ништо“

Точка

27/05/2025

18:17

1.324

Големина на фонт

а а а

Сиера блесна во неверојатно провокативно издание и иако многумина очекуваа дека фустанот ќе ја „засрами“, тоа не се случи.

Пејачката беше една од позначајните дами на синоќешното доделување на Американските музички награди во Лас Вегас. Таа привлече внимание со особено провокативното издание кое беше прогласено за едно од најдобрите, но и со бојата на коса која е поразлична од онаа на која сме навикнати – сега е русокоса.



Фустанот кој наликува на мини корсет од брендот Бронкс и Банко, кој покри многу малку, очигледно барал многу труд и размислување за да открие речиси сè, а сепак ништо да не може да се види.



Горниот дел едвај ги покри градите на пејачката, додека преку бутовите паѓаа сребрени синџирчиња кои се спуштаа од градите до под колената и беа зашиени на боди во кожа боја за да му дадат посебна доза на елеганција, но и заводливост.


Заедно со оваа неверојатно провокативна креација, пејачката носеше и впечатлив накит во форма на нараквици на едната и на другата рака, како и ѓердани кои совршено се вклопија во комплетниот аутфит.

Со лежерна фризура, сребрени сандали на платформа и шминка што ги истакна цртите на нејзиното лице, Сиера изгледаше спектакуларно и совршено ја изнесе оваа ризична креација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk