Против сите трендови: Оваа земја ги промовира телефоните и вештачката интелигенција во училиштата

Супермен

27/05/2025

10:36

480

Големина на фонт

а а а

Додека поголемиот дел од светот се обидува да ја ограничи употребата на мобилни телефони во училиштата, една европска земја тргна во спротивна насока.

Естонија, мала балтичка држава со 1,4 милиони жители, се искачи на првото место во програмата за меѓународно оценување на учениците – "PISA", надминувајќи ја Финска. Еден од можните причини за ваквиот успех, како што пренесува "The Guardian", е тоа што естонските ученици се охрабруваат да користат мобилни телефони и вештачка интелигенција за време на наставата.

Од септември, учениците во Естонија ќе добијат свои сметки со пристап до алатки базирани на вештачка интелигенција. Според последната "PISA" проценка, Естонија е прва во Европа по математика, природни науки и креативно размислување, а втора по читање.


Оваа балтичка земја се издвојува по своето целосно прифаќање на дигиталните технологии. Додека други држави воведуваат забрани и рестрикции за користење мобилни уреди во образованието, наставниците во Естонија активно ги охрабруваат учениците да ги користат како образовни алатки.

Естонската министерка за образование, Кристина Калас, за време на нејзината неодамнешна посета на Лондон по повод Светскиот форум за образование, изјави дека е свесна оти повеќето европски земји со сомнеж гледаат на смартфоните и новите технологии.

„Во Естонија, генерално сме многу поотворени и поподготвени да користиме дигитални алатки – и наставниците не се исклучок“, изјави Калас.


Естонија сега го започнува и новиот национален проект "AI Leap", во рамки на кој наставниците и учениците ќе добијат врвни алатки и знаења поврзани со вештачката интелигенција.

Од септември ќе започне распределбата на овие ресурси, а до 2027 година, 58.000 ученици и 5.000 наставници треба да добијат пристап до нив. Според официјалните лица, преку оваа иницијатива, Естонија има цел да стане една од најпаметните нации во светот по начинот на користење на вештачката интелигенција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk