Никол Шерцингер наскоро ќе го прослави својот 47-ми роденден, а ги воодушеви своите обожаватели со уште една фасцинантна видеоснимка во бикини која и вас ќе ве остави без зборови.
Пејачката уште долго време ќе ја носи титулата една од најубавите и најсексипилните жени во светот, а ќе дознаете зошто штом ќе ја погледнете нејзината најнова објава на социјалните мрежи.
Имено Шерцингер објави снимка во која позира во неколку модели на бикини и течко е да се каже кое подобро ѝ прилега, бидејќи сите ги истакнуваат нејзините адути, а познато е дека има совршено тело благодарение на напорните тренинзи.
Никол позираше во жолто, црно, зебра и шарено бикини, а во сите четири модели ги остави без зборови своите следбеници.
Со оглед на тоа дека летото наскоро пристигнува, нема сомнеж дека има сè повеќе и повеќе вакви „жешки“ објави…
Инаку Шерцингер веќе долго време е во среќна врска со Том Еванс, со кого се сврши, и со кого често објавува провокативни објави, а важат за еден од најзгодните познати парови.
„Еве зошто вежбаме напорно…“ напиша Никол под една од објавите.