На 62 години Том Круз и натаму изгледа како акциски јунак – изведува разни акробации и има тело на кое му завидуваат голем број од младите луѓе.
И додека генетиката и тренинзите сигурно имаат своја улога, клучот на неговата енергија лежи во исхраната.
За разлика од многу од познатите личност кои се потпираат на богата и висококалорична исхрана полна со протеини, Круз внесува околу 1.200 калории дневно. Оваа нискокалорична рутина помага да ја задржи мускулната маса и да избегне таложење на масни наслаги.
Еден од најинтересните делови на неговата диета е тоа што не јаде три класични оброци дневно. Наместо тоа одлучува да внесе по 15 мали ужини. Ваквиот начин на исхрана со внимателно избрани намирници му дава стабилна енергија и важни нутриенти.
Преработените шеќери целосно се исфрлени од неговото мени. Наместо тоа се засладува со природни шеќери од овошјето, што може да помогне полесно да го поднесе стресот. Најмногу му одговараат боровинките, богати со антиоксиданти.
Круз не пие алкохол, ниту на црвениот тепих ниту приватно. На тој начин го чува црниот дроб, останува хидриран и полн со елан. Кога е во друштво најчесто бира да пие освежувачки варијанти со лимон, ѓумбир и нане, не само поради вкусот туку и поради детокс ефектот.
За да ги избегне непотребните маснотии и калории, неговата исхрана се подготвува на пареа, без масло, путер или тешки сосови. Наместо тоа користи зачини како куркума и ѓумбир кои имаат противвоспалително дејство.
Оброците на Круз изобилуваат со немасни протеини и зеленчук полн со антиоксиданти. На менито често има лосос, спанаќ, брокули, домат, цвекло и маслиново масло кои се добри за срцето, ги намалуваат воспалителните процеси и ја одржуваат кожата. Повремено јаде и темно чоколадо, овес и јаткасти плодови кои имаат здрави масти.