[ФОТО] Кој би рекол дека оваа госпоѓа наполнила 60 години? Позната актерка го прослави роденденот

Точка

02/06/2025

14:26

1.908

Големина на фонт

а а а

Новото поглавје започна за легендарната Брук Шилдс. Актерката неодамна го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод сподели и неколку фотографии.

Како што обично се случува во светот на познатите личности, фотографиите веднаш ги објави на Инстаграм и собра голем број лајкови.

За оваа посебна пригода, Брук позираше во атрактивно црно бикини, а стајлингот го надополни со дискретни додатоци и шапка.


Костимот за капење ја истакна нејзината завидна фигура, а многумина се запрашаа – како е можно таа да има 60 години?

Шилдс не го криеше воодушевувањето за новото животно поглавје, а насмевката на нејзиното лице беше забележлива.

„Се разбудив во рајот … и во нова деценија од животот“, напиша таа во описот на објавата. „Ова е 60! Ви благодарам на сите за роденденските честитки“, додаде манекенката.

Природен изглед без естетски процедури

Во интервју за списанието „Гламур“, Шилдс отворено прозборе за процесот на стареење и призна дека има страв од козметички процедури.


„Се плашам дека повеќе нема да изгледам како јас; кога имав ботокс, го добивав тој чуден поглед и си мислев: „Ова не сум јас“, рече таа тогаш.


„Но, правам третмани, пилинзи и сите најнови третмани. Едноставно не сакам да престанам да изгледам како јас“, додаде таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk