Една од најпознатите португалски манекенки, Камила Коелјо, ужива во прекрасните денови на Бахамите, а своите следбеници ги „израдува“ со жешка фотографија од плажа.
Убавата бринета позираше во минијатурно зелено бикини кое совршено ги истакна нејзините облини, а изгледот го надополни со модерна марама за глава.
Исончаниот тен и бомбастичната фигура беа во преден план, а во коментарите под фотографиите само се редеа комплименти за нејзиниот изглед.
Инаку освен што се занимава со манекенство, Камила е и една од највлијателните блогерки, која споделува совети за разубавување со обожавателите ширум светот.
Интересно е што дури и Иванка Трамп ги коментира нејзините објави.
Манекенката со најубава насмевка уште на 17-годишна возраст го засакала Икаро Бренер, нејзиниот сегашен сопруг, а иако нејзиниот профил е исполнет со фотографии во бикини, Камила никогаш не си дозволила да биде вулгарна и на тој начин да привлекува внимание.