Несекојдневната приказна на Милан Петровиќ од селото Оџаци кај Трстеник стана позната не само во Србија туку и во регионот, а тој е единствениот човек во Србија со дијагноза „Cupido sexualis enormis“ или прекумерен сексуален нагон.
Ова значи дека неговото тело лачи до сто пати повеќе машки полови хормони отколку кај просечните мажи, ерекциите се премногу чести и понекогаш траат повеќе од неверојатни дваесет часа. Од друга страна Милан не сакал да открие, но неговиот полов орган е исто така доста голем, повеќе од 20 сантиметри.
Тој ја наследил оваа дијагноза од своите машки предци, и иако многумина би помислиле „блазе си му“, Милан многу страдал уште од тинејџерските години поради неговата болест, за која сè уште нема официјален лек. Сепак, постојат одредени терапии, но тие се многу скапи.
„Еднаш се случи ерекцијата да трае 28 часа, и тогаш едвај преживеав. Срцето почнува да чука силно, крвниот притисок скока, а болката е неподнослива. Поради тоа повеќе пати одев во болница. Уште кога кога бев во основно училиште, сфатив дека имам проблем, но тогаш со родителите не се разговараше за секс, па долго време ја криев маката“, раскажа Милан за „RINA“.
И покрај својот проблем, Милан никогаш не предизвикал ни најмал проблем, тој е вреден и чесен човек кого го сакаат соседите, роднините и пријателите. Како што рече, кога станува збор за жени, би можел да напише книга, со оглед на тоа колку многу и какви авантури доживеал токму поради необичната дијагноза што ја има. Двапати бил во брак и е добри односи со поранешните сопруги. Има две деца на кои им помага, а во Оџаци се грижи и за својата стара баба.
„Добивам многу непристојни понуди. Кога би ви раскажал не би поверувале. Жените се јавуваат од целиот свет, да бидам искрен, како што се вели, на многумина им излегувам во пресрет. Многу од нив заминаа среќни и преродени. Им беше убаво и нив и мене. Сепак, морам да кажам дека добивам и многу понуди од хомосексуалци. Но, секако, го одбивам сето тоа. Велам дека апсолутно не сум таков тип. Има и такви што се многу упорни, еден ми понуди 1.000 евра, но нема шанси и да ми дадат милион. Ги сакам само жените, но и многу ги почитувам. Без оглед на моите потреби поради дијагнозата, ако не сака – не сака. Никогаш ниедна не присилувам“, раскажа овој необичен човек.
За да ја намали барем малку својата потреба, Милан мора да биде физички активен, поради што е познат во својот крај како еден од најдобрите физички работници. Копа канали, сече дрва и прави сè што на другите можеби би им било претешко.
„Физичката активност многу ме спасува во оние моменти кога имам потреба. Зад куќата има секира и гума од шлепер, во која удрам додека не ми помине. Ја работам најтешката физичка работа за дневница, пешачам повеќе од дваесет километри. Сè што е потребно за организмот да се смири во даден момент“, откри Милан.
Многумина велат дека ако бил паметен, можел да го монетизира својот „проблем“ и да заработи вистинско богатство, но Милан не е таков тип и чесноста и образот му се најважни. Затоа зад куќата секогаш има токмак и стара гума, бидејќи како што рече – во нешто мора да се удира.