Ова е најевтината земја за живот за иселеници: Стан за 310 евра, морето секогаш топло, народот љубезен...

Точка

17/06/2025

18:15

1.632

Големина на фонт

а а а

Доколку некогаш сте размислувале за преселување во странство, новото истражување би можело дополнително да ве мотивира.

Според податоците кои ги објавила организацијата „William Russell“, Виетнам е прогласена за најевтината земја за живот на иселениците за 2025 година.

Во истражувањето се споредувани трошоците за здравство, превоз, кирија, храна и сметки во различни држави, а Виетнам се издвоила како земја која нуди најмногу за најмалку пари, пренесува „Daily Mail“.


Зошто Виетнам е најповолниот избор?

Портпаролот на „William Russel“ објаснува зошто е тоа така: „Виетнам веќе долго време е омилената дестинација меѓу оние кои внимаваат на буџетот и дигиталните номади затоа што нуди сѐ што е потребно за квалитетен живот. Од сончеви плажи до големи градови, добра храна, љубезни домаќини, модерни погодности и древна традиција која треба да се открие – Виетнам е една од ретките земји која навистина има да понуди многу“.

Трошоците за живот навистина го потврдуваат тоа. Еднособен стан во Виетнам може да се изнајми за 310 евра месечно, додека пак трисобен стан во просек се плаќа по 690 евра месечно.

Целокупните трошоци за живот се дури 59 отсто пониски отколку во Обединетото Кралство, а најевтиниот град за живеење е Да Нанг, крајбрежна метропола позната по плажите и ноќниот живот.


Интересни работи за Виетнам

1. Има над 3.000 километри крајбрежје – Виетнам се протега на Источното море и нуди безброј песочни плажи од популарни до скриени места. Морето е топло преку целата година, а рибините јадења секогаш се свежи.

2. Виетнамците пијат неверојатна количина кафе, кафето е вториот најпопуларен напиток во земјата (после зелениот чај), а Виетнам е еден од најпознатите произведувачи на кафе на светот.

3. Улиците се често „поживи“ од рестораните – уличната храна е срцето на виетнамската кујна. „Пхо“ (говедска супа), „бух ча“ (свинско месо) и „банх ми“ (багет сендвич со локални додатоци), се само дел од легендарните специјалитети кои може да ги јадете таму.


4. Над 50 етнички малцинства – иако поголем дел од жителите се Виетнамци, земјата е дом на над 50 различни народи, од планински на север до заедници на границата со Камбоџа. Секој има свој јазик, носија и обичаи.

5. Мотоциклот е крал на сообраќајот – во градовите како Хо Ши Мина и Ханој, моторот е основно превозно средство, ги има повеќе од 50 милиони. Да преминете улица може да биде предизвик, но постои правило: оди право и не ја менувај насоката, возачите ќе се приспособат на тебе.

6. Го има едно од најспектакуларните природни чуда – заливот Халонг, со повеќе од 1.600 островчиња и карпи кои излегуваат од морето, Халонг Беј е под УНЕСКО и едно од најпознатите места во југоисточна Азија.

7. Виетнам има моќно чувство за заедница и семејство – културата се темели на колективизам. Повеќе генерации често живеат заедно под ист кров, а почитта кон постарите и семејните обврски е длабоко вкоренета.

8. Има многу млади жители – повеќе од половина од Виетнамците се помлади од 35 години. Тоа се гледа и во брзиот развој на земјата, особено технологијата, образованието и стартап културата.


9. Тет (виетнамска Нова година) е најголемиот празник – се слави во јануари или февруари, зависно од лунарниот календар. Тогаш целата земја запира, семејствата се собираат, домовите се украсуваат со цвеќе и лампиони, а градовите се шарени и свечени.

10. Комбинација на Исток и Запад – поради колонијалното минато во Виетнам ќе најдете интересна архитектура, багети, кафе, но и будистички работи, како храмови и традиционални пазари.