Софи Рејн, една од најпопуларните ѕвезди на „ОнлиФанс“, одбила милионски суми за да ја изгуби невиноста пред камери.
Таа потврдила дека добила повеќе примамливи понуди од компании од индустријата за возрасни за овој чин, пренесува "HypeFresh".
Богатите понуди доаѓале од други познати личности од „ОнлиФанс“, порно-компании и филмски продуценти од индустријата за возрасни.
И покрај потенцијалната финансиска добивка, Софи одлучно ги одбила сите понуди.
Sophie Rain says she received multi-million dollar offers to lose her v*rginity on camera 👀 pic.twitter.com/hGZyIoDjFj
— ryan 🤿 (@scubaryan_) June 16, 2025
Од келнерка до милионерка
Успехот на Софи Рејн претставува исклучителна трансформација. Откако останала без слабо платената работа како келнерка, во мај 2023 година го отворила својот „ОнлиФанс“ профил. Пораснала во Мајами со социјална помош, но целосно ја променила својата финансиска состојба. Во текот на 2024 година, заработила неверојатни 43 милиони долари преку платформата, а до средината на 2025 – уште околу 23 милиони.
Својата содржина ја промовира според строги лични принципи. Од детството редовно посетува црква секоја недела. Нејзините видеа прикажуваат секојдневни активности како прошетки и шминкање, при што целосно избегнува голотија.
Понудите насочени кон нејзината невиност предизвикале, според медиумите, „аукциска војна“. Платформата за стриминг содржини за возрасни "CamSoda" ѝ понудила 250.000 долари за да сними „невин настап“.
Сепак, овие суми бледеат во споредба со нејзиното тековно богатство – особено ако се земе предвид дека само еден претплатник потрошил 4,7 милиони долари на нејзиниот профил за помалку од една година, што е речиси 10% од нејзината годишна заработка.
@sophieraiin beach shoot
♬ your love is my drug - amy🇵🇰
Славата ѝ го комплицира љубовниот живот
Славата ѝ носи потешкотии во љубовниот живот. Како побожна христијанка, останува посветена на принципот „да чека до брак“.
Софи мудро ги инвестирала своите приходи, вклучително и во вила вредна 2,7 милиони долари на имот од 20 хектари во Тампа, која планира да ја претвори во фарма по пензионирање. Таа е и коосновачка на "Bop House", заедно со други ѕвезди од „ОнлиФанс“.
Приказната на Софи Рејн предизвикува поширока дебата за влијанието на индустријата за содржини за возрасни врз младите. Критичарите предупредуваат дека нејзиниот луксузен животен стил може да создаде нереална слика кај ранлива публика.
Соочена со скептицизам околу својата заработка, Софи претставила докази и цврсто го брани својот финансиски успех.