"Ferrari" во вторникот официјално го претстави "Amalfi" – најновиот модел во својата понуда, кој го заменува досегашниот купе модел "Roma".
"Amalfi" е купе со мотор поставен напред и четири седишта, задржувајќи ги основните пропорции на "Roma", но со унапреден дизајн и драстично подобрен ентериер. Најважното: легендарниот твин-турбо V8 мотор останува во понудата – сега со уште повеќе сила.
Што се однесува до пропорциите, "Amalfi" изгледа речиси идентично како "Roma": препознатливи задни крила, остра „ајкулеста“ предна маска и издолжена хауба.
Новиот преден дел сега вклучува црна лента што ги поврзува тесните "LED" светла, а задниот дел задржува четири светлосни тела, сега поврзани со декоративен црн елемент.
Најголемата промена е во кабината – "Ferrari" ги послуша купувачите и конечно ги отстрани сензитивните контроли на допир од воланот!
Наместо нив, вратени се физички копчиња, а копчето за стартување сега е вистински титаниумски прекинувач, поставен лево од возачот – крај на фрустрациите при возење.
Под хаубата се наоѓа добро познатиот 3.9-литарски твин-турбо V8 мотор, сега со 640 коњски сили (471 kW) – 20 коски сили повеќе од претходниот модел "Roma".
Вртежниот момент останува 760 Nm, а силата се пренесува на задните тркала преку осумстепен автоматски "DCT" менувач.
"Ferrari" наведува дека "Amalfi" забрзува од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди, со максимална брзина од 320 km/h.
Зголемената моќност е резултат на полесни брегасти вратила, прецизно обработен блок на моторот, масло со понизок вискозитет и унапреден турбополнач.
"Ferrari" објаснува дека новиот софтвер овозможува независна контрола на брзината на двата турбополначи, благодарение на посебни сензори за секој ред цилиндри.
Овој нов "ECU" систем веќе се користи во моделите 296 "GTB", "Purosangue" и "12Cilindri".
"Amalfi" вклучува и следниве технологии:
• "Brake-by-wire" систем за сопирање (позајмен од 296 и 12Cilindri),
• Активен заден спојлер што создава 110 kg потисок при брзина од 250 km/h,
• "SSC 6.1" софтвер за контрола на пролизгување, управување и потпирање,
• "ADAS" системи, вклучувајќи: адаптивен темпомат, автоматско сопирање, асистенција за задржување на лента и други.
Сè уште не е објавен точен датум на испорака, но се очекува "Amalfi" да влезе во сериско производство до крајот на годината.
Оние кои претпочитаат кабриолет може да бидат мирни – "Ferrari" веќе го заштити името "Amalfi Spider".
Очекуваната почетна цена за "Ferrari Amalfi" е околу 300.000 евра.