Група од 25 студенти од француската школа "Espera Sbarro" успеа за само пет месеци да создаде уникатен спортски купе со V8 мотор – и тоа без буџет, фабрички услови или помош од автоиндустријата.
Нивниот концептен модел, наречен "Heritage ESX", е модерна интерпретација на легендарниот "Shelby Daytona Coupe" од 1965 година.
Станува збор за целосно функционален прототип кој не е реплика, рестомод или кит-возило – туку уникатна рачно изработена машина, создадена од нула.
Автомобилот се базира на цевкаста шасија, додека под хаубата се наоѓа познатиот "Ford 5.0 V8" мотор, споен со шестстепен мануелен менувач.
Благодарение на ниската тежина од само 1.150 килограми, перформансите се исклучително возбудливи.
Дизајнот комбинира ретро линии со современи детали: "LED" светлата се позајмени од "Ford Puma", широките крила, страничните издуви и масивниот заден спојлер ја истакнуваат тркачката природа на возилото.
Возилото е обоено во сина боја со бели тркачки линии и бројот 60, како омаж на класичниот стил.
Во внатрешноста доминира интересна комбинација од класика и технологија – аналогни инструменти, карбонски елементи и централен дисплеј, а менувачот е поставен високо, како кај вистинските тркачи.
Иако се работи за едукативен проект, многумина веќе изразија желба "Heritage ESX " да се појави во ограничена серија.
За сега, овој уникатен автомобил ќе биде изложен на престижниот настан "Le Mans Classic" во јули 2025 година.