Премиерлигашот Арсенал сигурно ќе донесе напаѓач во овој летен преоден рок, па иако се чинеше дека избраниот е Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг сега фаворит за нова „деветка“ е Виктор Ѓокереш.
Информациите говорат дека Швеѓанецот е на добар пат да стане нов играч на „топчиите“ односно останува само клубовите да си подадат рака.
Ова за некого е изненадување затоа што Шешко долго време изгледаше како играч кој е „печен“ да заврши во редовите на Арсенал, но според „Индипендент“ постојат две причини зошто премиерлигашот се откажал од првичниот план.
Англискиот тим бил на најмалку 10 милиони евра од исполнување на бараната цена на Лајпциг и бил незадоволен од структурата на договорот од 80 милиони евра. Во исто време проблематични биле и условите кои ги поставиле од таборот на Шешко, па токму поради тоа клубот од Лондон со директорот Андреа Берта се фокусирале на членот на Спортинг Лисабон.