Тони Крос е легенда на Реал Мадрид, ас кој мина цела деценија во шпанскиот великан, десет години исполнети со многу успеси, титули во сите натпреварувања.
Сега Германецот е само навивач на „кралевите“, но со внимание ги следи сите натпревари, вести, информации поврзани со клубот. па од свој агол посочи што му недостасува на тимот кој од пред некое време го води Чаби Алонсо.
- Сè уште им недостасува профил како мојот, сè уште го бараат. Нема многу такви играчи, а оние што се таму не се лесно да се добијат. Прерано е да се суди за Реал Мадрид на Чаби. Потребно е време за да се проценат промените и имплементацијата на неговите идеи.
- Сигурен сум дека Чаби знае како да ги поправи работите, бидејќи има работи што треба да се променат, бидејќи со толку многу квалитет – работите мора да одат добро, - порача Крос.
Реал е во полуфиналето на Светското клупско првенство каде за ривал ќе го има Пари Сен Жермен.