Џамал Мусиала е еден од најважните играчи за Баерн Минхен и германската репрезентација, но и ас кого го очекува долга пауза од терените по повредата која ја заработи на Светското клупско првенство.
Офанзивецот имаше еден непотребен судир со голманот Донарума во последните секунди од првиот дел на средбата со ПСЖ, судир кој се покажа како кобен за Мусиала кој заработи скршеница на левата нога и оваа календарска година е завршена за него.
Имаше доста реакции, а сега се огласи и германскиот селектор Јулијан Нагелсман кој не може да поверува што се случи во Атланта.
- Повредата на Џамал е огромен шок за сите нас. Тој штотуку се врати на теренот по повредата на мускулот. Нашите мисли се со него. Може да смета на поддршката од сите нас во националниот тим. Му посакуваме се најдобро за операцијата и добро и брзо закрепнување. Тоа е најважното нешто во моментов, - порача Нагелсман.