Реал остана без Муса, ама донесе големо засилување од Франција

Дерби

07/07/2025

13:28

378

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ова лето ќе направи промени во својот тим, промени кои започнаа со заминувањето на Чус Матео и назначувањето на Серџо Скариоло за нов предводник на екипата.

Промени ќе има и во играчкиот кадар, па така денеска актуелниот шпански шампион се збогуваше со еден од најважните играчи Џанан Муса кој продолжува во Дубаи.

„Кралевите“ во исто време официјализираа супер засилување од Франција, Тео Маледон. Некогашниот член на Оклахома, Шарлот и Феникс доаѓа од Мадрид од редовите на Асвел.

Плејмејекерот доби договор до 30 јуни 2027 година и ќе биде огромно „оружје“ на Реал во обидот да се врати на врвот во европската кошарка во нареднава сезона.