[ФОТО/ВИДЕО] Бизарно издание на Карди Би во Париз: Жива врана како моден додаток

Точка

07/07/2025

19:19

567

Големина на фонт

а а а

Американската раперка Карди Би привлече големо внимание појавувајќи се во драматичен фустан со впечатлив моден додаток на модната ревија на „Скјапарели“ во Париз.

Имено пејачката се појави во црн фустан, додека позираше со жива врана, оставајќи силен впечаток со своето пристигнување.

Големо внимание привлекоа и високите нараменици украсени со реси, истакнувајќи го нејзиното бујно деколте. Карди го надополни својот стајлинг со долги црни ракавици и сребрени обетки.



Инаку таа се најде во центарот на вниманието и поради гласините за раскинување со НФЛ играчот, Стефон Дигс (31). Двојката ја објави својата врска на 1 јуни, кога објавија заеднички фотографии на Инстаграм. Сепак, обожавателите забележаа дека фотографиите набрзо биле отстранети од Инстаграм профилот на Карди, што предизвика шпекулации дека романсата завршила.




Од друга страна и Дигс направи слично нешто на својот профил – тој ја отстрани заедничка фотографија објавена на 16 јуни, иако постара фотографија од мај сè уште е на неговиот профил. Сепак, Карди и Стефон сè уште се следат на Инстаграм.


Пред овие настани, двојката објави серија страсни фотографии и снимки – од фотографии на јахта, до моменти во џакузи – додека уживаа во врската што започна среде бурниот развод на Карди од 33-годишниот рапер Офсет.