Тој денес е една од живите легенди на Холивуд. Иако веќе е во поодминати години, Џек Николсон сѐ уште не е официјално пензиониран од актерството, но веќе подолго време е невидлив за јавноста.
Во последните неколку години Џек Николсон речиси никаде не се појавува, освен повремено на некој НБА натпревар на Лос Анџелес Лејкерс кои со години редовно ги следи од првите редови.
Неговото повлекување од јавниот живот станало толку воочливо што фановите се прашуваат дали е сѐ во ред со него.
Иако ретко се појавува, понекогаш може да се види на објавите од неговите деца на социјалните мрежи, а тоа е доказ дека е здрав и жив.
Актерот со години живее повлечен живот во својата вила, без јавни настапи и без контакт со луѓето надвор од најтесниот круг на семејството. Наместо блескавиот Холивуд, Николсон одамна ја избрал самотијата.
Според пишувањето на странските медиуми, легендарниот актер никако не може да ја заборави својата поранешна љубов, актерката Лара Флин Бојл со која имал бурна романса од 1999 до 2004 година. Иако делува како светот да ја заборавил таа врска, очигледно е дека Николсон не го направил тоа, наводно тој и натаму има длабоки чувства кон неа.
Иако обожавателите се загрижени и за неговото психичко и физичко здравје, извори блиски до актерот тврдат дека неговите денови не се осамени.
Имено, Николсон редовно ја контактира Лара, ѝ праќа пораки и разговара со неа по телефон.
„Штом ќе го слушне нејзиниот глас, се возбудува“, тврдат неговите пријатели, додавајќи дека тој се труди да не ја оптоварува туку да ѝ покаже колку му значи.
Иако се повлекол од светот на актерството, Николсон повремено можеме да го забележиме во друштво на неговиот син Рек којшто неверојатно личи на него.
Рек Николсон последнава година успешно се пробива како актер во Холивуд, а физичката сличност со татко му е неверојатна.