Животната приказна на еден од најдобрите тенисери на светот започнала на северот на Италија каде семејството му овозможило растење во текот на кое сѐ било во знакот на спортот.
Новак Ѓоковиќ се избори за уште едно полуфинале на Вимблдон, каде ќе се обиде да дојде до трофејот по осми пат, а препрека до финалето му е Јаник Синер.
Италијанецот е еден од најуспешните тенисери изминативе години, а тој важи и за еден од најмистериозните момчиња кога станува збор за приватниот живот.
Познато е дека Синер бил четири години во врска со италијанската манекенка Марија Брачини, а потоа една година бил со убавата Ана Калинскаја, додека пак повремено го поврзувале и со манекенката Лара Лието.
Неговите навивачи еднакво се интересираат за приватноста на Јаник Синер којшто имал многу интересно детство.
Тенисерот е роден во Сан Кандида во Јужен Тирол на северот од Италија.
Неговите родители Ханспетер и Зиглинда Синер, готвач и келнерка се запознале кога работеле во ски-центар, а Јаник поради тоа сакал да се занимава со скијање.
Паралелно тренирал и тенис и скијање, а на возраст од 7 до 12 години бил еден од најдобрите скијачи во јуниорска конкуренција во Италија. На седум години бил национален шампион во велеслалом, а на 11 се нашол на второто место.
Сепак, како тинејџер со поддршка од родителите се пренасочил на тенисот и одлучил да се занимава само со тоа.
„Би сакал сите да имаат родители како моите затоа што секогаш ми дозволуваа да изберам што сакам во животот“, изјавил Јаник во едно интервју.
Малку е познато дека мајчин јазик на Синер му е германски, додека пак италијански научил по 14 години кога се преселил во Бордигер. Меѓутоа, не живеел долго таму и не бил опкружен со Италијанци затоа што од 18 години дом му е Монте Карло.
„Заминав од дома кога имав 14 години. Морав прилично брзо да се откажам, се обидував да готвам, перам. Ми беше тешко, а на моите родители уште потешко да пуштат дете од 14 години да живее само, но никогаш не ме притискаа. Тие се совршени родители, неверојатни се“, изјавил Синер.
Во меѓувреме, родителите го посвоиле неговиот брат Марко којшто е роден во Русија и семејството Синер било целосно.
Кога почнал да игра на гренд слемовите, татко му често му правел друштво и готвел за него.
Меѓутоа, неговите родители често нема да бидат со него на турнирите. Неодамна се пишуваше дека татко му го пропуштил едно од неговите финалиња на Ролан Гарос затоа што морал да работи, а покрај тоа мора да бидат со неговите баба и дедо кои се многу стари.
„Моментално тие не патуваат многу. Мојата баба и дедо се во одредени години, па се трудат да им бидат што поблиску“, истакнал тенисерот, па додал: „Дома имаме семејство. Живее на прекрасно место и имаат добар живот“.