Од лондонско предградие до врвот на „Microsoft“, Мустафа Сулејман станало едно од највлијателните имиња во светот на вештачката интелигенција (AI).
Неговата кариера се одликува со визија, рани препознавања на потенцијалот на машинското учење и одлучност AI да ја направи подостапна и покорисна за човештвото.
Роден во 1984 година во Лондон, во семејство со сириско-англиско потекло, Сулејман рано покажал интересирање на социјални промени и технологија.
На само 19 години ја основал линијата за психолошка поддршка на младите, а студиите по филозофија на Оксфорд ги напуштил за да се посвети на практичната работа, онаа која подоцна ќе стане филозофија на неговиот пристап кон вештачката интелигенција.
Сулејман во 2010 година бил еден од основачите на компанијата „DeepMind“, заедно со Демис Хасабис и Шејн Лег.
Целта била едноставна, но и амбициозна: да се развие AI којaшто може да учи како човекот. „DeepMind“ брзо привлекол светско внимание кога нивниот AI систем „AlphaGo“ го победил светскиот шампион во играта „Go“, потег којшто многумина го сметале како пресуден момент во развојот на модерната вештачка интелигенција.
„Google“ во 2014 година го купил „DeepMind“ за околу 500 милиони долари, што на Сулејман му донел голем капитал и глобално влијание.
Во рамките на „DeepMind“ водел сектор за применување на вештачката интелигенција, фокусиран на проектите во здравството, енергетици и јавни услуги.
Откако го напуштил „DeepMind“, Сулејман во 2022 година со поранешните колеги го основал „Inflection AI“, компанија посветена на развојот на генеративната вештачка интелигенција и јазични модели слични на „ChatGPT“.
Нивниот AI асистент „Пит“ бил еден од првите обиди да се развие персонализирана, емпатична вештачка интелигенција која води конверзација на „човечки начин“.
Во март 2024 година, Сулејман направил голем пресврт, преминал во „Microsoft“ каде бил именуван за извршен директор во AI секторот.
Неговата задача: надгледување на развојот на „copilot“ системот, „bing“ пребарувањата и сите клучни генеративни AI производи од овој технолошки гигант. Со тоа станал еден од најмоќните луѓе во светот на AI технологијата денес.
Влијанието на Сулејман не се мери само во технолошките иновации туку и во етичкиот пристап кон AI развојот.
Во текот на работата во „DeepMind“, често се залагал за строги насоки во примената на AI во здравството и јавните институции, истакнувајќи ја важноста на транспарентноста и заштитата на податоци на корисниците.
Процената на неговите лични имоти варира, но со оглед на уделот во „DeepMind“ и во „Inflection AI“, како и договорот со „Microsoft“, се верува дека неговата заработка се мери во десеттина милиони долари, а потенцијалните идни заработки би биле многу поголеми.
Покрај финансискиот успех, Сулејман е носител на орденот CBE („Commander of the Order od the British Empire“) кој му е доделен за придонес во развојот на технологијата и науките во Велика Британија.
Мустафа Сулејман не ја развива само технологијата, тој поставува правила на игра. Неговата работа денес влијае на милиони луѓе, а неговите одлуки ги обликуваат правците во кои вештачката интелигенција ќе се развива во наредните децении.
Во времето кога светот се обидува ја разбере моќта на AI, Сулејман е еден од ретките луѓе којшто ја создава и развива.