Ќе се изначекаме: Недостиг од „Switch 2“ конзолата најверојатно до следната година

Точка

11/07/2025

12:31

249

Големина на фонт

а а а

Според наводите, „Nintendo“ има за цел да испорача 15 милиони единици од „Switch 2“ во првите десет месеци од лансирањето

Новата конзола на „Nintendo“ сè уште се продава со рекордно темпо, далеку ги надминува продажбите на својот претходник – но истовремено станува сè потешко да се најде, особено во Јапонија. Според извештајот на „Nikkei“, побарувачката очигледно ја надминува понудата, а аналитичарите на „Toyo Securities“ предвидуваат дека ваквата состојба би можела да трае и до пролетта 2026 година.


Во Јапонија, продавачите прибегнуваат кон стратегии како лотарии и принципот „прв дојден – прв услужен“, често ограничено само на купувачи со членски картички од продавниците. Досега се одржани пет одделни рунди лотарии преку официјалната онлајн продавница на „Nintendo“, а многу фанови – кои повеќепати „изгубиле“ можност да ја купат конзолата – сега јавно го изразуваат своето незадоволство.


Според наводите, „Nintendo“ има за цел да испорача 15 милиони единици од „Switch 2“ во првите десет месеци од лансирањето – што е еднакво со продажбата на оригиналниот „Switch“ во истиот период. Но, некои пооптимистички прогнози укажуваат на 18 до 20 милиони единици, што би значело зголемување од 20 – 30% во однос на првата генерација.


Дури и со засилено производство во фабриките и дополнителни напори за обезбедување на клучни компоненти, побарувачката не покажува знаци на забавување. Со нестабилна испорака и постојана треска за купување, се очекува „Switch 2“ да остане дефицитарен производ барем до, а можеби и по, пролетта 2026 година.