[ФОТО] Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ позира топлес: Жешки кадри со саканиот на Ибица кои ги воодушевиле фановите

Супермен

17/07/2025

15:16

1.626

Големина на фонт

а а а

Алесандра Амбросио ужива на Ибица со своето ново момче Бак Палмер. Погледнете ги нејзините провокативни фотографии кои ги воодушевија фановите.

Манекенката Алесандра Амбросио (44) повторно привлекла внимание кај фановите на Инстаграм, овојпат објавила низа жешки фотографии од летувањето на сончевата Ибица.

Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ моментално ужива во романтичниот одмор со новото момче, дизајнерот на накит Бак Палмер, а нивниот однос, судејќи по фотографиите – цвета.


На една од фотографиите кои привлекла најмногу внимание, познатата манекенка позира без горен дел од бикинито, опуштено лежејќи на лежалка покрај базен.

Нејзиното извајано тело, рамен стомак и затегната фигура доминираат во секој кадар.

Фотографиите кои ги споделила со 12-те милиони следбеници на Инстаграм откриваат дека таа носела бикини од брендовите „Akoïa“ и „FAE“, а во двата кадри била забележана под туш на отворено, во комплет со шарен горен дел без рамки и соодветен долен дел.

Одморот манекенката го искористила за опуштање, но и за покажување на својата беспрекорна фигура на тело, додека пак на една фотографија со Палмер забележан е романтичен момент, бакнеж пред камера.


Амбросио и Палмер се заедно од крајот на 2024 година, а манекенката претходно годинава изјавила дека ги поврзува „страста кон животот“.

„Едноставно сакаме да живееме во полн ек. Сакаме да поминуваме време заедно, да уживаме во секој мал момент. На крај, тие ситници најмногу значат“, изјавила Амбросио за „Us Weekly“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk