Не оди на луксузни дестинации, спие во апартман од 120 евра, а сметката во кафулето – ситница: Докази дека Никола Јокиќ е најскромната спортска ѕвезда на светот

Супермен

17/07/2025

11:00

1.832

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски кошаркар неодамна бил забележан во Бар, Црна Гора и тоа била ретка можност да го сретнеме на море.

Тогаш уште еднаш ја докажал својата скромност и спиел во апартман којшто чини 120 евра од вечер, што за условите кои може да си ги дозволи себеси е многу скромно.

Како што дознаваат српските медиуми, Јокиќ во Бар спиел во апартман којшто се наоѓал над самиот град, од каде имало прекрасен поглед кон градот.

Според наводите на страниците на недвижнини, овој апартман нуди прекрасен поглед кон градина, исто така има и надворешен базен и бар и нуди приватен паркинг.


Во рамките на апартманот има клима-уред, има одвоена спална соба, бања и дневна соба, а на располагање е и телевизорот.

Сепак, она што е најинтересно е фактот што ноќевање во тој објект во текот на јули и август чини само 120 евра од вечер, што за Јокиќ е и повеќе од симболична цена кога ќе се земе предвид фактот дека тој годишно заработува повеќе од 50 милиони долари.

Во текот на престојот во Бар, Јокиќ избегнува јавни настани и го користи времето да се опушти надвор од кошаркарските терени.


За сметка – помалку од шест евра

Екипата на српски „Курир“ неодамна во спомнатиот бар на приморје, успеала да го фотографира Јокиќ и неговата сметка во кафулето во кое седел со сопругата Наталија и ќеркичката.

На сметката имало само три ставки, па наместо коктели, шампањи и ексклузивни пијалаци, на нивната маса имало кафе, кисела вода и еден сок. Обична нарачка за која платиле пет евра и 80 центи.

Трикратниот освојувач на МВП награди во НБА тогаш бил облечен во обична маичка и шорцови без брендови, часовници и скапи работи на себе. А, Наталија како и секогаш, едноставна и елегантна, вистинска дама од сенка.


Инаку, Никола е еден од малубројните светски успешни спортисти кои не го поминуваат летото на луксузни дестинации.

Тој најмногу сака да биде во својот роден Сомбор, а секоја година со другарите од детството оди на рафтинг на Тара.

„Покрај нас се чувствува комфорно исклучиво на тој начин. Не сака никакви турбулентни ситуации. Обожува во слободно време да оди на сплав, секоја година одиме заедно на Тара. Ја обожува природата, оди на Дунав, на планина. Тоа се активностите кои ги сака. Сака и добра храна, добри луѓе и секако коњи“, изјавил своевремено неговиот кум Небојша Вагиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk