Сите мислат дека Донатела е наследничка на империјата Версаче: Но, кралот на модата најголемиот дел од своето богатство ѝ го остави токму на оваа девојка

Супермен

16/07/2025

17:07

1.002

Големина на фонт

а а а

Тоа јулско утро пред 28 години планетата за миг застана. Веста дека е убиен Џани Версаче одекна како атомска бомба, а светот на модата изгуби еден великан, по кој ништо повеќе не беше исто во таа индустрија. Но, италијанската империја не се предаде. Донатела ја продолжи визијата на својот брат, застана на чело на модната куќа, но наследи само дел од неговото богатство.

Седумдесеттите, осумдесеттите, „џанесеттите“. Џани Версаче толку силно го обележа крајот на минатиот век, што слободно можеме цела една деценија да ја наречеме по генијот кој ја дефинираше ерата на екстраваганција и луксуз, вешто комбинирајќи античка уметност, поп-арт и модерни елементи, со совршена доза провокативност и театралност.


Но, баш кога таа деценија почна да се забрзува, заедно со неговото творештво, славниот Италијанец беше запрен во походот кон модниот и останатиот свет. Имаше само 50 години кога беше ликвидиран пред својата вила во Мајами Бич. Колку чуда би создала неговата имагинација и блескав ум, само да не излезел од дома тоа рано утро на 15 јули 1997 година …

Создал своеобразна империја, многу профитабилна и моќна, а според најдоверливите извори, во моментот на смртта имал околу 807 милиони долари на сметка. Некаде се споменува и цела милијарда. Толку тогаш вредела компанијата чиј заштитен знак е глава на медуза опкружена со грчкиот симбол на бесконечност.


Џани бил основач и креативен директор на модната куќа „Версаче“, а сестрата Донатела — негова најблиска соработничка, муза и советничка. Таа го презела кормилото по неговата ненадејна смрт, соочувајќи се со предизвикот да ја продолжи визијата на Џани и да го задржи брендот на врвот на модната сцена. Не било воопшто лесна задача, но — успеала.

Иако мнозинството јавност било уверено дека наследничка на богатството на Версаче е токму неговата помлада сестра, вистината е дека таа добила само 20 отсто од акциите на компанијата.

Десет отсто добил нивниот брат Санто, помал дел му припаднал на партнерот на Џани, Антонио Д’Амико, кој имал и право да продолжи да живее во една од вилите, додека уметничката колекција ја наследил Даниел Бек, внук на Џани и син на Донатела.


А кој добил најмногу? Цели 50 отсто од имотот креаторот го препишал на внуката Алегра. Таа била миленичка на модниот маг и ѝ оставил половина од својата империја. Како што профитот на куќата продолжил да расте, така ќерката на Донатела, кога наполнила 18 години, добила дури 800 милиони долари, станувајќи една од најбогатите тинејџерки во светот.

Алегра Версаче, која неодамна го прославила својот 39. роденден, пораснала опкружена со мода, богатство и луксуз. Но, никогаш не сакала да се експонира, прилично е повлечена и малку луѓе знаат како всушност изгледа.


Се занимавала со балет, студирала француски јазик и историја на уметноста, а на семејниот бизнис се посветила од својата 24-та година. Долго време се борела со анорексија и депресија, бидејќи животот со славното презиме често било ноќна мора. Денес тие проблеми се зад неа. Ужива во анонимноста и само понекогаш ѝ прави друштво на мајка си на јавни настани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk