На „Raddit“ била отворена полемика која започнала со едно едноставно прашање на еден корисник: Зошто цените на становите во италијански Трст се значително пониски отколку во хрватските градови како што е Риека?
„Пред некој ден од љубопитност отворив италијански огласник за недвижнини и бев изненаден колку становите во Трст се поевтини во споредба со оние во Риека, а да не зборувам за тоа колку понудата е подобра. Во поширокиот центар на Трст можат да се најдат прекрасно адаптирани станови по цена од околу 2.000 евра за метар квадратен, додека пак за тие пари во Риека повеќе не може да се најде ниту најлошиот стан. Зошто е тоа така?“.
Одговорите на корисниците биле бројни и разновидни, но поголем дел од луѓето биле насочени кон разликите во демографијата, економијата и пазарната логика меѓу овие две држави.
„Затоа што во Трст има и подобра индустрија, не е сѐ фокусирано на туризмот и изнајмувањето, каде становите се најважна работа“, напишал еден корисник.
„Трст исто така е депопулациска зона чие златно доба помина пред 30 години и сега полека умира. Генерално цените се пониски во местата каде луѓето не сакаат особено да живеат“, додал друг корисник.
Еден човек заклучил: „Трст со години има целосно напуштени згради низ центарот, полека умира. Од 2000 сигурно е тоа така, а ситуацијата не се поправила многу“.
Од друга страна, некој предупредил на парадокс: „Ниту во Риека не е ништо подобра демографската ситуација, а цените на становите масовно се зголемуваат“.
Друг корисник тоа го објаснил преку политиката на изнајмување на станови: „Се зголемува цената на становите затоа што Риека е новата мета за воведување на изнајмувачка економија. Тоа се проблеми кои можат да се решат со забрана за туристички наем во зоните околу факултетите и работните места“.
„Кај нас немаме апсолутно ништо освен недвижнини“, додал саркастично некој корисник.
Некои предупредиле дека Трст од италијанска перспектива е „помал индустриски град во ќошот од државата“ и дека „во очите на Италијанците е сѐ освен метропола“.
Други корисници укажале на тоа дека Хрватска нема ни приближно развиена станбена политика ниту урбанистичко планирање, а растот на цените не го следи растот на платите: „По таа логика тогаш квадратот во Загреб треба да биде околу 1.500 евра“.
Во полемиката неизбежно било вовлекување и на следниот коментар: „Не е тоа така, туку Италијанците се добри луѓе кои своите недвижнини ги продаваат евтино, само злобните Хрвати бараат пазарна вредност за своја сопственост“.