Четири намирници кои погрешно се сметаат за богати со протеини: Нутриционист открива подобри опции

Точка

19/08/2025

19:48

480

Големина на фонт

а а а

Без разлика дали сакате да ослабете, да изградите мускули или едноставно да го подобрите квалитетот на вашата исхрана, насекаде ќе најдете совети дека треба да го намалите внесот на јаглехидрати и да го зголемите внесот на протеини. Всушност, постојат дури и диети базирани на протеини со минимален внес на јаглехидрати.

Што е протеин?

Протеинот е макронутриент кој е неопходен за целокупното здравје и е особено важен за луѓето кои се физички активни и, како што споменавме, за оние кои сакаат да ослабат. Помага во градењето и обновувањето на мускулите, но исто така ве држи сити подолго време од јаглехидратите.

Но, далеку од тоа дека не треба да се консумираат јаглехидрати. Здравата и балансирана исхрана ги содржи и двете, но јаглехидратите треба да бидат сложени, што значи дека наместо бел ориз и рафинирани тестенини, треба да јадете верзии од цело зрно од овие намирници.


Здрав, но не и добар извор на протеини

Често се верува дека некои намирници се богати со протеини, но нутриционистот Греам Томлинсон за Инсајдер објасни дека тоа не е сосема точно. Иако не се нездрави и можат да бидат дел од балансирана исхрана, не треба да се потпираме на нив како главен извор на протеини.

Путер од кикиритки

Ова е една од попопуларните намирници кај поединците кои консумираат диета богата со протеини, бидејќи содржи здрави масти, ја даваат потребната енергија и според популарното верување, богата е со протеини.

Иако путерот од кикиритки е полн со хранливи материи, неговиот протеински профил е идентичен со самите кикиритки – богат со калории, но дефинитивно не е богат со протеини.


„Една лажица путер од кикиритки (околу 15 грама) содржи околу четири грама протеини и 95 калории“ објасни нутриционистот Томлинсон.

Јаткасти плодови

Исто како и путерот од кикиритки, јаткастите плодови не содржат импресивна количина на протеини која им ја припишуваме. Јаткастите плодови се хранливи и калорични, а богати се со влакна, кои се неопходни за здрав цревен микробиом и здрави масти, но не и протеини. Ќе треба да изедете големо количество од нив за да ги задоволите вашите потреби за протеини.

„Иако содржат одредено количество на протеини, тие се богати со калории и масти, па затоа овие протеини остануваат во сенка. Сто грама јаткасти плодови – ореви, бадеми, лешници, кикиритки… содржат околу 30 грама протеини, но и 620 калории објасни Томлинсон.


„Една шака ореви изнесува околу 28 грама, што е препорачана дневна доза. Значи, ако сакате да ослабете или да не се здебелите, бидете умерени со јаткастите плодови. Сепак, добрата работа е што „нашите тела не ги апсорбираат сите калории од јаткастите плодови. Околу 15 до 25% не се задржуваат во телото“ истакна нутриционистката Хилари Брук.

Протеински леб и печива

Печивата и лебот означени како високопротеински обично содржат мало количество на протеини, само малку повеќе од класичниот леб. Класичното печиво содржи околу 230 калории и девет грама протеини, додека протеинското содржи само осум грама протеини на 160 калории, но тоа е многу помалку од класичното печиво.


„Дали навистина вреди да го исфрлите од исхраната омиленото печиво кое ќе ве засити, за да можете да потрошите повеќе пари на печива кои нема да си ја завршат работата?“ запраша нутриционистката, сугерирајќи да не се наседнува на маркетиншки трикови.

Протеински чоколатца

Самото име сугерира дека ова е храна што гарантира висок внес на протеини, нели? Протеинските чоколатца се исклучително популарни денес бидејќи многу луѓе ги сметаат за здрав и брз начин да ги задоволат своите дневни нутритивни потреби, а сепак да јадат нешто квалитетно во движење. Реалноста е многу поинаква.

„И покрај тоа што се сметаат за најдобра протеинска ужина, тие обезбедуваат само четири грама протеини за просечно 132 калории“ истакна Томлинсон.


Подобро е да се јадат две порции сирење со ниска масленост. За иста количина калории, ќе добиете четири пати повеќе протеини.

„Некои протеински чоколатца содржат дури 250 калории и десет грама протеини. За споредба, сто грама пилешки гради содржат 110 калории и 25 грама протеини“ додаде нутриционистот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk