Георгина Родригез, свршеницата на познатиот фудбалер Роналдо остави многумина без здив со новите фотографии од плажа. Таа блескаше, но и нејзиниот свршенички прстен, кој ѝ го подари Кристијано Роналдо, разбивајќи ги соништата на многу мажи ширум светот.
Откако неодамна објави дека се свршиле, таа сега сподели фотографии на кои позира на плажа при зајдисонце, покажувајќи го својот импозантен свршенички прстен.
Нејзиниот Инстаграм се „запали“, лајковите и коментарите почнаа да се нижат. Имено, моментално таа има повеќе од два милиони лајкови на својата нова објава.
„Прекрасно“; „Каква убавина“; „Совршенство“, се само дел од коментарите.
Георгина неодамна на својот Инстаграм ја потврди свршувачката со Роналдо, за која веќе подолго време се шпекулираше. Таа покажа огромен дијамантски прстен, а во описот на објавата додаде: „Да, прифаќам. Во овој и во сите други животи.“ На ова снимање таа не го носела тој прстен, туку еден што го имала од порано.
Парот се запознал во 2016 година во Мадрид, во продавницата каде што Георгина работела како продавачка, а Роналдо случајно влегол. Нивната врска стана јавна на почетокот на 2017 година. Заедно првпат се појавија на доделувањето на „Best FIFA Football Awards“ во јануари таа година, во придружба на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор.