Голманката на Челзи, Ребека Спенсер, во последните денови стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.
Кога клубот објави видео од нејзиниот тренинг на ТикТок, на кое таа направи неколку импресивни одбрани, објавата брзо стана вирална. Видеото собра повеќе од 700.000 лајкови и вкупно 8,4 милиони прегледи.
Коментарите под снимката само се редеа – имаше некои убави пораки од навивачите, но и некои необични и претерани. Имено некои дури и ѝ предложија брак на Спенсер, додека други ја поканија на вечера, а трети тврдеа дека ќе почнат да навиваат за Челси поради неа. Сепак, со зголемувањето на популарноста, се појави и другата страна на медалот – некои од коментарите беа невкусни, а бројот на пораки целосно излезе од контрола.
Токму затоа клубот одлучи да ја исклучи опцијата за коментирање, со цел да ја смири ситуацијата и да ја заштити својата голманка.
Инаку Ребека Спенсер не е нова во Челси – 34-годишната голманка веќе ги бранеше боите на лондонскиот клуб во периодот помеѓу 2016 и 2018 година, а ова лето потпиша едногодишен договор со можност за продолжување. Покрај своето богато искуство во Женската Суперлига, Спенсер е и членка на репрезентацијата на Јамајка, што дополнително го потврдува нејзиниот квалитет и меѓународен углед.
По официјалната потврда за нејзиното враќање, самата Спенсер изјави дека е воодушевена што се враќа во клубот што го смета за свој дом. „Имаме неверојатни навивачи и се радувам што повторно ќе бидам дел од ова семејство“, рече таа.
Нејзиното враќање на Стемфорд Бриџ веќе привлече големо внимание и се чини дека во претстојната сезона Спенсер ќе биде подеднакво важна на теренот колку и на социјалните мрежи.