[ФОТО] Славните тенисерки воодушевија на забавата во Њујорк: Не се знае која е поубава

Супермен

11/09/2025

21:16

747

Големина на фонт

а а а

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова и победничката на овогодишниот Ју-Ес Опен, Арина Сабаленка, присуствуваа на вечерната забава наречена „Let’s Do Dinner“ во Њујорк.

Двете дами ја „кренаа“ температурата со нивните смели модни изданија и никој не можеше да ги тргне очите од нив.


Додека Марија се реши за чиста елеганција – фустан во индиго сина боја, Сабаленка се појави во малку посмела комбинација.

Имено, краток црн фустан кој ја истакна нејзината витка фигура беше модниот избор на Белорусинката.

Тенисерките објавија фотографии од таа вечер на нивните Инстаграм профили, а можевме да видиме дека поранешниот фудбалер Дејвид Бекам исто така присуствувал на забавата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk