Прескокнување на препреки со автомобил отсекогаш било возбудливо, но исто така и опасно.
Меѓутоа, еден возач во Сиетл во средата навистина доживеал екстремна ситуација, според извештајот на локалната ТВ-станица „KIRO 7“.
Видеото од инцидентот којшто се случил околу 12 часот и 25 минути на 17 септември, од сообраќајните камери на Одделението за сообраќај во Сиетл, го прикажуваат возачот за којшто полицијата тврди дека управувал со украдено „Audi Q5“, како го заобиколува запрениот сообраќај на Универзитетскиот мост, ја пробива заштитната рампа и го прескокнува отворениот дел од мостот.
Car jumped an open University Bridge here in Seattle at about 12:25pm. Trying to get more information. pic.twitter.com/sHt0GPKEAl
— Shawn Garrett (@ShawnGarrett) September 17, 2025
Припадниците на полицијата во Сиетл му биле „зад пети“, но како што се гледа на видеото службениците одлучиле да не „полетаат“ со автомобилите над водниот канал.
Мостот се протега над заливот Портиџ Беј на езерото Вашингтон, во близина на Универзитетот Вашингтон и се отвора по фиксно барање со направен распоред.
Полицијата на Сиетл за „KIRO 7“ изјавила дека набрзо потоа автомобилот бил пронајден на улицата 42nd Street, со скршена шофершајбна и други оштетени делови.
Возачот и натаму е во бегство и можеби е повреден, навела полицијата. Засега не е јасно кога автомобилот бил украден ниту дали службениците случајно го воочиле или биле посебно повикани да го најдат крадецот.