Албанија не може да се пофали со многу успешни манекенки на светско ниво, но се чини дека Енди Демнери ќе биде таа што ќе го промени тоа.
Пред неколку години, убавата бринета ја претставувала Албанија на изборот за Мис Универзум, и иако не постигнала висок пласман, таа успеала да ја маѓепса светската јавност. Барем така покажаа гласовите на публиката, според кои Енди била една од 5-те најдобри финалистки на натпреварот.
Атрактивната Албанка се занимава со манекенство од 2014 година, а според нејзиното сопствено признание, нејзината тежина флуктуирала во текот на целата кариера, па еднаш откри како ослабела вкупно 20 килограми во последните неколку години.
Демнери важи за најубавата Албанка, а тамошната јавност често шпекулира дека правела низа естетски интервенции на лицето. Таа категорично го негирала тоа, истакнувајќи дека има полна уста и мал нос уште од мала.
„Се дебелеев и слабеев, моите црти на лицето се менуваа како што растев и созревав, но не, не правев пластична операција. Би сакала, како што напредува технологијата, да се измисли детектор за процедури и да ме ставите таму и да се осигурате дека сум целосно природна“, рекла Енди.
Атрактивната Албанка била гостинка и на Неделата на модата во Милано во февруари и јуни 2023 година, каде што присуствувала на покана на креаторот Стефано Габана. Особено се истакнала кога се појавила на една од ревиите на брендот Долче и Габана носејќи само корсет прекриен со кристали.
Таа ги красела насловните страници на списанието „Harper’s Bazaar“ во Грција и Бугарија.
Инаку Енди студира меѓународни односи на Универзитетот во Тирана и зборува четири јазици – албански, англиски, турски и италијански.