Тинејџер кој го изненади светот: На 18 години веќе е милионер, со апликацијата која ја создал заработува вистинско богатство

Супермен

19/09/2025

11:30

1.909

Големина на фонт

а а а

Додека милиони негови врсници ширум САД ги подготвувале летните планови за факултет, Зек Јадегари го искористил летото да ја лансира „Cal AI“ апликацијата за следење на калории основана на вештачка интелигенција.

Апликацијата функционира едноставно: корисниците го фотографираат оброкот, а вештачката интелигенција го проценува бројот на калории со точност од 90 отсто.

Бесплатна е за преземање, а претплатата чини 2,49 долари месечно или 29,99 долари годишно.

Со 30 вработени, „Cal AI“ остварува околу 1,4 милиони долари бруто профит месечно, вклучувајќи и 247.000 долари нето оперативни приходи.


Од детство до стартап

Патот на овој успех започнал уште од детството. Инспириран од љубовта кон игрите, како „Minecraft“ ова момче на седум години почнало да оди на летен камп за кодирање, а од тогаш самостојно учел и експериментирал.

Како средношколец направил гејминг страница „Totally Science“ која ја продал за 100.000 долари на компанијата „Freeze Nova“.

Идеи од лични потреби

Идејата за „Cal AI“ настанала од лична потреба.

„Почнав да вежбам за да ги импресионирам девојките во училиште, а сите апликации за следење на калории бараа рачно внесување на храна, што малку беше заморно“, вели Јадегари.


Потоа тој се обединил со пријателите Хенри Ленгмек, Блејк Андерсон и Џејк Касти и заеднички ја развиле апликацијата.

По тест промоцијата од 2.000 долари и позитивен одѕив, коосновачите ја финансирале апликацијата шест месеци. Првите месеци приходите биле од 28.000 до 115.000 долари, а апликацијата до јули 2025 година била преземена 8,3 милиони пати.

Балансирање на работата и училишните обврски

Водењето стартап додека сѐ уште си ученик не е лесно. Трошоците за маркетинг месечно изнесуваат речиси 770.000 долари, а корисниците и натаму мора рачно да ги внесуваат податоците поради тоа што AI не ги препознава.


Сепак, Јадегари планира „Cal AI“ да стане најголемата апликација за следење калории, надминувајќи ја конкуренцијата.

„Идејата ова да ја обликува иднината и да биде дел од моето наследство е реална“, вели ова 18-годишно момче кое планира апликацијата да ја продаде или да ја препушти на друг извршен директор и да започне нова „AI“ компанија, пишува „CNBC“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk