[ВИДЕО] Уживал на концертот на Дуа Липа, но потоа се шокирал кога сфатил кој танцувa зад него

Точка

09/10/2025

19:08

3.343

Големина на фонт

а а а

Еден обожавател доживеал големо изненадување на втората вечер од концертот на Дуа Липа во рамки на турнејата „Radical Optimism“ во Лос Анџелес.

Имено додека уживал во настапот, забележал уште една голема поп-ѕвезда како танцува во публиката зад него. Станува збор за Оливија Родриго, а снимката од концертот брзо стана вирална.

Патрик присуствувал на втората вечер од концертот и бил шокиран кога ја видел Оливија како се забавува недалеку од него.


22-годишната пејачка и актерка, која се прослави во 2021 година со нејзиниот хит сингл „Driver’s License“, во јули ја заврши својата светска турнеја „GUTS“.

Патрик објавил видео на ТикТок во кое позира со палец кренат нагоре, додека личноста што го снимала потоа ја поместила камерата за да ја покаже Оливија Родриго како танцува во првиот ред на трибините. Во описот на видеото стои: „Лос Анџелес е луд… во еден момент си на концерт на Дует Липа… во следниот момент Оливија Родриго танцува зад тебе“.

Обожавателите имаат само едно прашање

Видеото предизвика лавина коментари, а многу обожаватели ја искористија можноста да ја изразат својата надеж дека Оливија наскоро ќе се врати во студио за да снима нова музика. Нејзиниот последен албум, „GUTS“, беше издаден во 2023 година, а водечкиот сингл, „Vampire“, стана нејзин трет сингл што дебитираше на првото место на листата „Billboard Hot 100“.

Со завршувањето на нејзината турнеја, обожавателите се нетрпеливи. „Зошто е таа насекаде освен во студиото?“ напиша еден корисник на ТикТок.

Некои изразија жалење што не ја видоа на концертот на Липа. „Аххх, ја пропуштивме??? Немав поим! Бевме скроз од страна“, коментирал еден корисник. „Кога некој ќе преземе иницијатива и ќе ја праша каде е тој албум“, запраша друг, додека еден корисник на шега му порачал на Патрик: „Стави го тоа во твојот опис. Вистинско животно достигнување. Пресвртница! Позната пејачка танцуваше зад мене на … концерт“.


Инаку Дуа Липа (30) моментално е на својата трета светска турнеја преку која го промовира нејзиниот истоимен албум „Radical Optimism“. Турнејата започна во ноември минатата година и ќе заврши во декември оваа година.