Славните актери Роберт де Ниро и Ал Пачино за прв пат заедно учествуваат во кампања на модната куќа „Монклер“ наречена „Warmer Together“, која ја промовира идејата дека „вистинската топлина не доаѓа само од облеката, туку и од човечката поврзаност“, пренесе Анса.
„Монклер со децении е синоним за јакни со пердуви и зима, но отсекогаш сакав брендот да претставува нешто подлабоко“, истакнал претседателот и извршен директор на компанијата, Ремо Руфини.
Кампањата е снимена во Њујорк од фотографот Платон, а содржи црно-бели портрети и кратки видеоснимки во кои Де Ниро и Пачино зборуваат за пријателството, довербата и почитта.
„Топлината никогаш не доаѓа однадвор, таа е емоција во нас“, рекол Де Ниро, додека Пачино додал дека пријателството е „најубавото нешто што еден човек може да го доживее“.
Кампањата е придружена со песната „Lean on Me“ во нова интерпретација на уметникот Тоби Нвигве и неговата сопруга Фет.