[ФОТО] Славниот актер фатен во градско метро: Патниците изненадено гледале во него, знаејќи дека и покрај милионите се вози меѓу нив

Супермен

15/10/2025

11:37

1.027

Големина на фонт

а а а

Актерот Том Хенкс се возел во њујоршко метро и уште еднаш покажа дека е една од најскромните холивудски ѕвезди, пишува „Дејли мејл“.

Актерот, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, бил ненаметливо облечен и носел заштитна маска на лицето.

Сепак, иако се обидел да остане незабележан, вистинските обожаватели не можеле да не го препознаат, а неговите фотографии од метрото за кратко време се прошириле на социјалните мрежи.

Хенкс во текот на возењето делувал целосно опуштен – стоел близу вратата и го набљудувал метежот и секој патник. Иако актерот сигурно има личен возач, се придружил на големиот број славни кои последниве месеци биле забележани како користат метро за движење низ Менхетен, меѓу нив и актерот Харисон Форд.

Појавувањето на Хенкс во јавноста следело само неколку месеци откако неговата ќерка Е. А. Хенкс објавила шокантна автобиографија во која детално го опишува своето наводно тешко детство.

Во книгата говори за проблемите на нејзините родители – Том Хенкс и покојната актерка Саманта Луис која почина во 2002 година по борбата со канцерот.

Таа првите пет години од животот ги поминала во Лос Анџелес со двајцата родители, сѐ додека не се развеле во 1987 година. Во книгата се присетува како мајка ѝ без најава одлучила да се пресели со неа и нејзиниот постар брат Колин во Сакраменто.

Во мемоарите наведува дека верува дека нејзината мајка, иако никогаш официјално не било дијагностицирано, патела од биполарно нарушување со епизоди на екстремна параноја и заблуди.


Во јуни Хенкс ја пофалил својата ќерка поради искреноста во соочувањето со мрачните делови од својот живот.

„Не сум изненаден што мојата ќерка имала доволно сила и љубопитност да ја истражи таа тема за која, по мое мислење, била исклучително искрена“, рекол тој.

Инаку, Хенкс во 1988 година се венчал со Рита Вилсон. Парот е во брак веќе 37 години и имаат две деца Чет и Труман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk