Поп-ѕвездата опседната со пластични операции: Дали поради нив е толку убава?

Супермен

15/10/2025

16:38

857

Големина на фонт

а а а

Поп пејачката Чарли XCX искрено признала дека обожава естетски зафати и дека често размислува за сопствениот изглед.

Чарли XCX ја краси насловната страница на ноемвриското издание на магазинот „Vanity Fair“. Освен модното едиторијал, пејачката го привлекла вниманието и со искрено интервју за естетските зафати.


Истакнала дека често размислува за физичкиот изглед, како и што би можела во даден момент да промени кај себе.

„Постојано размислувам како изгледам и што би можела да променам на лицето“, вели Чарли, и додала:

„Нон-стоп размислувам за сите тие работи што би можела да ги затегнам, повлечам, изменам. Морам постојано да се потсетувам дека не треба да претерувам“, додала таа.


Признава дека редовно ги посетува веб-страниците како што е „RealSelf“, каде што се разгледуваат разни естетски интервенции.

Претходно, како што вели, редовно користела ботокс, но престанала кога ја започнала актерската кариера – бидејќи нејзините веѓи на снимките од аудициите „одлетале во погрешна насока“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk