Работник во ланец супермаркети открил што прават одредени продавници кога на производите ќе им истече рокот на траење: „Миеме, мелеме, зачинуваме и...“

Супермен

15/10/2025

13:52

784

Големина на фонт

а а а

Јасно е дека храната, еднаш кога ќе се најде на рафтовите, мора да биде продадена пред истекување на рокот на траење.

Во поголем дел од случаите тоа се почитува, но понекогаш рокот истекува пред производите да стигнат на пазарот.

Меѓутоа, изгледа дека има и нечесни трговци, како што неодамна открил еден вработен во познат ланец на продавници.


Во таквите случаи производот мора да биде повлечен од продажба, што поголем дел од трговците го прават.

Овој човек за медиумите раскажал што се случува кога производите во нивната продавница ќе го надминат рокот на траење.

Тој одлучил да ја разоткрие постапката на своите работодавци по која работат. Неговата приказна одекнала и покажала дека секогаш треба да внимаваме што купуваме.

„Сите работиме сѐ во исто време. Ги поместуваме кутиите од влезовите, сечеме месо, криеме производи на кои рокот на траење им е поминат, ги враќаме на полиците, поправаме фрижидери кои се расипуваат барем еднаш неделно“, рекол работникот чиј идентитет не е откриен.

Неверојатна пракса

Објаснил и што прават со месото на кое рокот на траење му истекол.

„Доколку свежото месо не се продаде, тоа не се фрла. Се праќа на понатамошна преработка. Тогаш месото се мие во оцет и вода, неколку пати се меле во машина, му се додаваат зачини и од него се прават колбаси и ќебапи“, навел изворот.


Додал и дека производите на кои им истекол рокот на траење најчесто не се повлекуваат од продажба за да се избегне загуба.

Наместо тоа, работниците ги менуваат декларациите и датумите на производите. Исто така тој апелирал потрошувачите да бидат многу внимателни при купување прехранбени производи и да се придржуваат до советите кои можат да помогнат да препознаат стари производи.

Извор: „Metropolitan.si“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk